Колку често можете да ја бојадисувате косата?

Сподели со своите пријатели

Козметичката индустрија добро се погрижи на пазарот да е достапна огромна разновидност на секакви бои за коса.

Loading...

Разликата меѓу нив е главно во тоа, дали и колку брзо ќе се измие бојата. Друга карактеристика на боите е тоа колку ја оштетуваат косата по нанесувањето.

Перманентните бои се со највисок степен на негативно влијание врз косата, а боите на привремените производи за боја се речиси безопасни.

Пред да одлучите колку често можете да си дозволите, чисто физички, да ја обоите вашата коса, треба да процените неколку важни фактори.

Колор шампоните, на пример, може да се користат неограничено, додека со останатите е добро да има одмор помеѓу нанесувањето од барем неколку месеци.

Еве и некои други фактори кои треба да се имаат предвид за фарбањето на косата.

Помеѓу бојадисувањето е добро да ѝ обезбедите на косата правилна нега. За целта, настојувајте да не пропуштите потхранување со маски, бидејќи тие се единствениот начин да се поврати барем малку свежина по нанесената штети.

Каква е состојбата на косата по последното бојадисување? Ако сте пронашле разлика во структурата, начинот на кој таа изгледа, или на допир, не брзајте да ја офарбате повторно.Обидете се да ја повратите пред да продолжите.

Loading...

Читајте ги внимателно инструкциите кои доаѓаат со бојата за коса. Бидејќи производите од овој тип се различни, не мислете дека има ист начин за користење. Доверете се на производителот – тој знае најдобро.

Бидете објективни. Ако косата ви станала подолга едвај неколку сантиметри, навистина е толку важно да се фарба? Можеби подобра опција за вас е да нанесете боја само на корените, наместо да ја третирате целата коса повторно.

Дали планирате да ја смените бојата на косата? Обидете се првично со шампон. На овој начин ќе видите како ќе ви стои и во случај да не ви се допаѓа, ќе заштедитете од евентуални непотребни оптеретувања на влакното.

Leave a Reply