Колку брзо се менува светот? Погледнете видео кое ќе ве остави без здив!

Сподели со своите пријатели

Google неодамна објави алатка на својата услуга Google Earth која јасно покажува колку луѓето го смениле изгледот на Сината планета за само неколку децении.

Loading...

Алатката „Timelapse“ е замислена како анимација на сателитски слики на нашата планета во периодот од 1984 до 2020 година.

Така, корисниците можат да создадат анимација што покажува како се сменил нивниот град или држава со текот на годините.

Како што е објаснето од Гугл, анимацијата е создадена од голем број сателитски фотографии направени од сателитите на НАСА и ЕУ.

 

 

Значи, за релативно кратко време можеме да видиме дека градовите растат и глечерите и шумите исчезнуваат.

Loading...

Во своето видео, Гугл покажа колку шуми исчезнале, крајбрежјето се сменило и градовите пораснале во тие 35 години.

Тие истакнуваат дека сакале да создадат нов начин луѓето да се сеќаваат како изгледа нивната област, но и да предупредат на некои драстични промени што ние самите ги предизвикуваме на нашата планета.

 

Leave a Reply