Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Членовите на здружението на граѓани „Коледари“ денеска во месноста наречена Забел во Старо Нагоричане традиционално ги набраа бадниковите гранчиња.

 

Loading...

 

Голем број членови на здружението утринава ги набраа бадниковите гранчиња, а заедно со нив и првиот човек на Општина Куманово, Максим Димитриевски кој беше гост на манифестацијата, градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска и голем број членови на двете општински администрации.

 

 

Набраните гранчиња пред манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане беа осветени, а на 6ти јануари, Бадник ќе им бидат поделени на верниците на градскиот плоштад во Куманово.

Здружението на коледари траидционално и годинава набра бадникови гранчиња со што отпочнуваат подготовките за одбележување на Бадник и Божиќ. На 6ти јануари од Касапски круг, ќе се упатиме кон црквата „Свети Никола“ на литургија, а потоа ќе имаме традицонална прослава на плоштадот пред Центарот за култура, каде ќе бидат поделени гранчињата. Кумот за 2018 година ќе биде избран деновиве, рече претседателот на Здружението Мирослав Доневски.

 

Loading...

 

Откако заврши церемонијата, со традиционално оро и чашка ракија коледарите продолжија со својата прослава.

 

 

 

Loading...