Колач кој луѓето обожаваат да го јадат, а секоја година носи по неколку животи

Сподели со своите пријатели

Го јадат скоро сите Јапонци, особено за време на прославите, а секоја година носи по неколку животи. Особено внимателни мора да бидат постарите луѓе и малите деца, затоа што тие се најчестите жртви.

Колачот се вика Мочи и тоа е традиционален колач направен од ориз, а во Јапонија се јаде за време на новогодишната прослава или други свечености. Меѓутоа, секоја година носи по неколку животи. Неодамна во земјата починале двајца, а неколкумина во критична состојба завршиле поради задушување со овој колач кој доаѓа со многу различни вкусови.

 

Loading...

 

Како се прави Мочи?

Тоа се мали, тркалезни пецива направени од мек и гумен ориз кој најпрвин се попарува, па удира и гмечи. Резултат на оваа постапка е леплива маса која се формира во топчињата и се пече или вари. Доаѓа во повеќе верзии, а јапонските семејства за Нова година јадат Мочи кој се загрева во супа од зеленчук.

 

 

Зошто е опасен?

Затоа што е многу леплив, а далеку поголем од нормален гриз. Потребно е Мочи добро да се соџвака пред да се голтне. Луѓето на кои им е тешко да џвакаат, како старите лица и малите деца, тешко го јадат.

Доколку не се соџвака, а се проголта, леплив каков што е, колачот може да се заглави во грлото и да доведе до задушување.