„Кокино македонски бренд” – најдобар музејски проект за 2017 година

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот проект на Народната установа Музеј Куманово, насловен „Кокино македонски бренд” чиј раководител беше кумановскиот археолог Дејан Ѓорѓиевски, ја доби наградата за најдобар музејски проект за 2017 година, од страна на ICOM (International Council of Museums) Macedonia.

Оваа награда нашиот музеј ја подели со Националната Галерија на Македонија (со проектот „Петар Мазев, 90 години од раѓање”) и претставува највисоко признание од областа на музеологијата во Македонија. Проектот содржи две компоненти – едната беше одржаната изложба „Кокино-наоди од археолошките истражувања”, а втората беше меѓународната конференција „Кокино-Дар за боговите” одржана во октомври, бифираат од кумановскиот музеј.

И двата настани имаат меѓународно значење и претставуваат значаен импулс како за афирмација на локалитетот Кокино, така и за македонската археологија воопшто.

Настаните беа придружени со публикации, кои се достапни на веб-страната на Музеј Куманово (http://kumanovomuseum.com/publikacii/)

Leave a Reply