„Кока-кола“ во Јапонија го лансираше својот прв алкохолен пијалак

Сподели со своите пријатели

„Кока-кола“ во Јапонија го лансираше својот прв алкохолен пијалак, со вкус на лимон, во обид да освои нови пазари и потрошувачи.

Американскиот гигант во производство на пијалаци во продажба пушти три видови пенлив пијалак со вкус на лимон, со три до осум проценти алкохол, пренесува ВВС.

Новиот производ, кој „Кока-кола“ го опишала како „единствен“ во својата 125-годишна историја, наменет е за растечкиот пазар на младите, особено од женскиот пол.

„Кока Кола“ со загуба од 2,76 милијарди долари

Loading...

Компанијата наведува дека не планира новиот пијалак да го претставува на пазарите надвор од Јапонија.

Во рамките со традицијата на компанијата, рецептот е строго чувана тајна, но новиот пијалак е направен по моделот на популарните јапонски пијалаци Чу-Хи – мешавина на алкохол и разни овошни вкусови.

Инаку, јапонскиот пијалак Чу-Хи на пазарот своевремено е претставено како алтернатива за пивото, покажувајќи се како особено популарен помеѓу припадничките на женскиот пол.

Јапонските компании како што се „Сунтори“, „Асахи“ и „Кирин“, моментално доминираат во производството на козервирани пијалоци Чу-Хи, чии најпопуларни вкусови се силни цитруси како грејпфрут и лимон.

Освежувачките пијалаци со низок процент на алкохол („алкопоп“) станаа многу популарни во Европа и Британија во 90-те години, но предизвикаа полемика, затоа што многумина беа загрижени дека таквите пијалаци би можеле да ги охрабрат младите да конзумираат повеќе алкохол.

Leave a Reply