Кока-кола со својата новогодишна реклама расплака многумина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Многумина со нетрпение очекуваа што ќе има во рекламата за оваа година, а Кока-Кола ги надмина сите очекувања. Рекламата ги насолзи очите на милиони гледачи.

Loading...

Кока-Кола и оваа година го објави својот традиционален божиќен видео спот, а за многумина токму тоа видео го започна периодот пред Божиќ.

Во рекламата за оваа година, гледаме татко како излегува од дома за да работи на ветерница среде море. Пред да замине, неговата ќерка му дава писмо за Дедо Мраз, но тој заборава да го испрати на поштата на почетокот.

Кога таткото го сфатил ова, решил да стори сé за своето дете! Крајот на рекламата омекна многумина и покажа дека духот на Божиќ е во семејството…

Инаку, рекламата за оваа година беше во режија на Таика Ваитити.

 

Leave a Reply