Која е најдолговечната нација во Европа? Еден град им предничи на сите!

Сподели со своите пријатели

Италијанците се најдолговечни меѓу жителите на земјите од Европската унија, покажуваат податоците на Евростат, заводот за статистика на Европската унија.

Loading...

Наспроти тенденцијата во Европската унија, каде во просек мажите живеат подолго од жените, во Италија припадничките на понежниот пол живеат подолго – мажите живеат во просек 81, а жените 85 години.

Општо земено, во земјите на ЕУ, очекуваниот животен век се зголемува, просекот е 81,2 години и тоа зависи од локалните услови за живот, но и од здравјето на планетата, квалитетот на воздухот, водата и храната.

Подолг живот не значи подобар и poквалитетен живот, бидејќи со зголемувањето на просечната возраст на населението, се зголемуваат потребите и трошоците за специјални сервисни услуги, пред се за здравството и за оние што се однесуваат на грижата за старите лица.

Во Италија, статистичарите предвидуваат дека за неколку децении ќе има проблем, како резултат на стареењето на населението, како да се надополнат касите на пензискиот фонд.

Веќе неколку години, Италија е на првото место во светот според ниската стапка на наталитет, само 67 бебиња се раѓаа на секои сто смртни случаи.

Ситуацијата ја подобруваат семејствата мигранти кои имаат повеќе од две деца во просек, и иако е тешко за партиите од десниот центар да признаат дека, работниците од други земји значително придонесуваат за пополнување на државниот пензиски фонд, и овој тренд ќе продолжи и расте.

Меѓу италијанските градови, Трст е на првото место според бројот на жители стари повеќе од сто години, од осум до десетстотини стари, на десет илјади жители.

Loading...

Еден од најпознатите е писателот и историчар, припадник на словенечкото малцинство Борис Пахор, кој оваа година со добро здравје и интелигенција го прослави својот 107 роденден и доживеа во подоцнежните години претседателите на две соседни земји, Италија и Словенија, да му доделат највисокото државно признание.

 

Leave a Reply