Која е најдобрата положба за спиење?

Сподели со своите пријатели

Положбата на спиење може да биде причина за болки во грбот, воспаление на зглобовите, а може да придонесе проблеми со дишењето и изразено ‘рчење. Начинот на кој човекот лежи во кревет кажува многу за целокупното здравје како и за тоа колку лесно може да заспие. Недостатокот на сон може да доведе до чувство на мрзеливост, а и влијае негативно врз расположението и работната способност.

Loading...

Недоволно спиење, исто така, влијае на зголемување на ризикот од болести кои го загрозуваат животот, како што се срцеви болести и дијабетес, пишува британскиот „Express”.

Експертот за спиење д-р Тери Крејл тврди дека, кога се во прашање сонот и спиењето, човекот може во голема мера да го подобри своето здравје доколку спие на “на страна”.

„Постојат многу варијации на спиење на страна, од кои секоја е добра, бидејќи тоа помага во ублажување на несоница и хроничен недостаток на сон. Сепак, најудобна положба е онаа во која, додека лежи на страна, благо ги свиткувате колената и ги повлекувате нагоре, кон градите”, вели Крејл .

Спиењето на страна е најдобро за луѓето кои страдаат од болки во колковите, а се препорачува и за бремените жени. Доктор Крејл, сепак, истакнува дека треба да го избегнете спиењето на стомак, бидејќи тоа може да предизвика болка во вратот и ‘рбетот.

„Ако веќе спиете на стомак, користете многу мека перница или спијте без перница, за вратот да не ви биде под непријатен агол”, вели експертот.

Loading...

Според британска Националната фондација за спиење најздравата положба за спиење е на грб, бидејќи овозможува главата, вратот и ‘рбетот да се одмараат во неутрална положба.



Leave a Reply