Кој тип на леб е најдобар за нашето здравје?

Сподели со своите пријатели

Во денешно време постојат многу видови леб кои многу се разликуваат по својот состав и нутритивната вредност, но секој од нив претставува основен животен производ. Во нашиот реон најмногу се јаде белиот леб, кој според оценките на стручните лица е со најлош квалитет.

Лебот пред се е извор на јаглени хидрати кои не обезбедуваат со енергија. Содржи многу протеини и витамин Б1, а тоа не е за занемарување. Лебот треба да се чува на ладно и темно место, но никако на температура од -6 до +6 бидејќи така брзо се суши. Можете да го чувате и во замрзнувач, но пред употреба да го оставите да се одмрзне на собна температура.

Црн леб

Овој леб има исклучително висок процент на фосфор, но тоа во денешно време и не претставува некаква предност, бидејќи во прехранбената индустрија се повеќе се употребуваат фосфати, така што овој минерал и не ни е многу потребен. Количеството на натриум (800мг/100г) е поголемо отколку кај останатите видови.

Во споредба со останатите испитани видови, црниот леб е вистински рудник на железо и калиум.

Бел леб

И покрај тоа што овој леб е исклучително фин и вкусен, според содржината на минералите се наоѓа на дното на табелата. Тој има најмалку натриум, калциум и фосфор. Ова е најомилениот леб и може да се најде во сите продавници. Некогаш бил најмногу продаван поради својата ниска цена, но денеска чини колку и полуцрниот леб.

Пченкарен леб

Овој леб некогаш претставувал храна за сиромашните. Во последно време научниците се повеќе го фалат поради неговите добри особини. Лебот од пченкарно брашно содржи триптофен и многу „специјални“протеини. Овој вид на леб содржи релативно малку калциум и калиум, меѓутоа има многу пепел. Негов недостаток е малото количество на влакна.

Полуцрн леб

Полуцрниот леб има ист однос на ’ржано и пченично брашно, околу 40%. Тој е омилен во исхраната и фитотерапевтите со задоволство го препорачуваат, па ќе го сретнете во многу рецепти за здрава храна. Содржи малку помалку јаглени хидрати од останатите видови, а според содржината на протеини единствено го надминува „Грахам“ лебот. Спаѓа во групата на евтини лебови.

’Ржен леб

Содржината на макро- материите е слична како и кај белиот леб, но содржи повеќе влакна, па затоа желудникот потешко го вари од останатите видови леб. Подолго останува свеж и помалку се рони од белиот леб, а го препорачуваат многумина кои ја промовираат здравата исхрана. Богат е со магнезиум, па поради тоа го спречува високиот крвен притисок и има два пати повеќе калиум отколку во белиот пченичен леб. Богат е со витамините Б1 и Б2.

„Грахам“ леб

Овој леб е многу богат со витаминот Б1, но има и други добри особини. Содржи двапати повеќе влакна од омилениот бел леб, а има и повеќе протеини. За време на подготовката на овој леб хранливите лушпи и никулци од житарките не се уништуваат, туку остануваат во лебот. Секако ги заслужува сите пофалби, но има еден недостаток – поскап е од останатите.

Содржина на влакна (100г):

– црн леб 6,8

– бел леб 3,9

– полуцрн леб 5,2

– грахам леб 9,8

– ржен леб 7,6

– пченкарен леб 2,2

Совети при купување на леб:

1. Експериментирајте, пробајте ги сите видови на леб.

2. Прочитајте ја декларацијата на лебот и проучете ги податоците.

3. Површината на лебот (рапава, брашнеста, сечена) и бојата на кората кажуваат многу за квалитетот на лебот.

4. Со притискање заклучете дали лебот е свеж.

5. Секогаш, купувајте друг вид на леб, така вашиот организам подолго ќе ужива во различните и разновидни состојки и хранливи материи.