На крстосница или во средба со други возила, возачот е должен да го пропушти возилото кое доаѓа од неговата десна страна – правило на десна страна. Исклучок од тоа правило, трамвај во сите случаи има првенство на минување (кај нас тоа нема).
Исто така возила со право на првенство на минување односно возила со придружба, со вклучени ротациони светла, имаат во сите случаи најголем приоритет и право на првенство на минување, дури и во однос на трамваи.
Возачот на возилото кое на крстосницата свртува лево, должен е да го пропушти возилото кое доаѓајќи од спротивна насока на крстосницата ја задржува насоката на движење или свртува десно, ако со сообраќаен знак не е одредено поинаку.
Исклучок од горе наведените правила на сообраќајот на нерегулирана крстосница, возилата со право на првенство на минување и возила под придружба со вклучена ротација имаат право на првенство на минување во сите случаи.
Pages: 1 2