Кој ги уништи садниците во населба Карпош? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Додека целиот свет се бори против климатските промени, загадениот воздух и неконтролирана сеча на шумите, „кумановскиот пештерски човек“ ги уништи насадите кои Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ ги засадија кон крајот на минатата година покрај улицата „100“ во населбата Карпош.

Loading...

Во екот на најголемото загадување Општина Куманово, кон средината на ноември минатата година, одлучи да засади околу 150 садници во населбите Карпош и Тоде Мендол.

Долго време дрвјата се мачеа да успеат, но оваа пролет конечно успешно почнаа да се развиваат, а ги наводнуваше и ЈП „Чистота и зеленило“ и жителите од околните улици.

Преку ноќ некој одлучил дека нема да ни требаат, дека на тие тротоари може да си ги паркираат своите автомобили и камиони. Чистиот воздух вертојано не им е приоритет.

При самото засадување на садниците градоначалникот Димитриевски свесен дека може да дојде до ваков епилог, упати апел граѓаните да ги чуваат садниците, но веројатно „кумановскиот пештерски човек“ ни тоа не го слушнал.

– Апелирам до граѓаните да ги сочуваат овие садници, се работи за висококвалитетни садници, но мора да потенцирам гледајќи го она што се случува тука на лице место овие тротоари особено на улица „100“ беа изведени пред неполна година и денеска се во катастрофална состојба, затоа што граѓаните се однесуваат несовесно кон истите, особено мештаните кои возат тешки товарни возила и имаат навика да ги паркираат тешките товарни возила на тротоарите, рече тогаш Димитриевски.

Кому пречеа садниците засега не е познато, но познато е дека ќе имаме уште многу загадени есенски и зимски денови додека „идиотизмот“ живее меѓу граѓаните.

Leave a Reply