Кој е рускиот генерал кој го изведе нападот на Киев?

Сподели со своите пријатели

Назначувањето на генералот Сергеј Суровикин од страна на рускиот претседател Владимир Путин за прв генерален командант на трупите може да биде пресвртница во Украина и знак дека ќе започне нова фаза од војната.

Loading...

Вака со една реченица може да се опише одлуката на Владимир Путин да му ја довери командата на Сергеј Суровикин, рускиот генерал кој доби задача да го смени текот на војната, која во последните месеци не оди во корист на Руската Федерација.

Медал „Херој на Русија“

Генералот кој според Евгениј Пригожин, основачот на групата Вагнер, е најкомпетентниот командант во руската армија, на пошироката јавност ѝ стана познат како командант кој го предводеше бруталното бомбардирање во Сирија, каде што ги предводеше нападите на Алепо во име на помагање на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Затоа за неговата служба во 2017 година беше награден со медалот „Херој на Русија“, кога ја предводеше руската армија како командант на воздухопловните сили.

Западните медиуми го опишаа како „тотално безмилосен“, но дури и тие ја признаа неговата брилијантна воена кариера.

– Суровикин имаше голема кариера на врвот на армијата и Министерството за одбрана по 2008 година, за време на радикалната воена реформа која бараше немилосрдност – се вели во извештајот на фондацијата „Џејмстаун“ од САД.

Од друга страна, во некои британски медиуми Суровикин беше етикетиран како „корумпиран и по руски стандарди“, а познато е дека двапати бил во затвор.

Осуден

Прво бил осуден на шест месеци затоа што неговата единица убила тројца продемократски демонстранти кои биле за независна Русија за време на пучот во август 1991 година во Москва, организиран од поддржувачите на опстанокот на СССР, со пукање на двајца, а еден прегазен  со борбено возило на барикадите.

Loading...

Суровикин набрзо бил ослободен, а четири години подоцна бил осуден за нелегална трговија со оружје, но и таа пресуда била укината.

Биографија на Суровикин

– роден на 11 октомври 1966 година во Новосибирск

– дипломирал на школата за високи офицери во Омск во 1987 година и, како специјалец, служел во советско-авганистанската војна

– во текот на последната деценија од минатиот век, два пати бил уапсен

– првпат бил осуден на шест месеци бидејќи неговата единица уби тројца продемократски демонстранти кои беа за независна Русија за време на пучот во август 1991 година во Москва, организиран од поддржувачите на опстанокот на СССР, од пукајќи од нив двајца и еден прегазен од борбено возило на барикадите

– набрзо бил ослободен, а четири години подоцна беше осуден за нелегална трговија со оружје, но и таа пресуда била укината.

– учествувал во Втората чеченска војна и командувал со руските трупи во Сирија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...