Кој е Емерсон Мнангагва – новиот претседател на Зимбабве?

Сподели со своите пријатели

Ерата на Роберт Мугабе е завршена. Откако војската изврши пуч и Мугабе беше присилен да се повлече од власта, народот започна да слави. Меѓутоа, новиот претседател на Зимбабве не изгледа како јунак за кој чезнее народот.

Емерсон Мнангагва има 75 години, женет е и има еден син.

 

Loading...

 

Откако падна во немилост кај Мугабе, кој го смени од местото потпретседател најверојатно поради својата сопруга Грејс Мугабе, Мнангагва се појави како лидер на побунетиот народ, на кој му беше доволно од корупцијата на власта.

Меѓутоа, Мнангагва со децении беше десна рака на Роберт Мугабе и е обвинет за истата злоупотреба на човековите права и слични корупции, пишува Гардијан.

Познат е како „Крокодил“, а тој прекар, кој го добил за време на војната за ослободување, останал со него поради неговата репутација на немилосрден и лукав човек.

 

 

Роден е во источниот дел на Зимбабве, каде роднините го паметат како активно момче полно самодоверба.

За време на војната за ослободување од велика Британија, Мнангагва минал 10 години во затвор, потоа дипломирал право и повторно се вратил во војната.

Во затворот го запознал Мугабе и наскоро станува негов близок соработник.

– Мнангагва не е свежо лице. Тој беше со Мугабе од 1976 година. Беше главен џелат кој работеше за Мугабе 40 години. Тоа е факт, кој одеднаш стана неважен, вели историчарот Стјуарт Доран.

 

Loading...

 

Можеби е најконтроверзната епизода од неговото минато – неговата улога во етничкото чистење во текот на осумдесетите години кое го спроведуваше под надзор на Мугабе, а кои беа дел од војната со другите фракции по прогласување на независноста.

Илјадници цивили беа масакрирани од војската на Зимбабве, најголем дел етнички Ндебели во Матабелеланду.

Мнангагва бил на челото на разузнавачките служби во тоа време. Тој тогаш ја обвини униформираната војска за тие убиства. Меѓутоа, никогаш немало вистински обвиненија или судења.

– Мораме да се соочиме со прашањето за Матабелеланд, за да се залечат раните, за да воспсотавиме комитет за мир и помирување, за да можеме да продолжиме со нашите животи. Нашите браќа и сестри на југот болуваат. Веќе 30 години се крие тој пробле, рекол активистот Маршал Шонхаи.

 

 

Групите за борба за човековите права исто така велат дека Мнангагва имал клучна улога во насилството насочено кон политичката опозиција во држава.

Него го обвинуваат за репресија во текот на изборната кампања во 2008 година, која била толку интензивна да на крајот сите опозициски кандидати испаднале од трката, оставајќи чист пат на Мугабе кон власта.

– Тешко е да се замисли како тој би можел да ги почитува човековите права во иднина, со оглед на неговото минато. Луѓето тоа можеби сега не го гледаат и сфаќаат, поради олеснувањето затоа што дојде крај на политичката ера на Мугабе, но Зимбабве е во голема опасност и загрозена е уставната демократија, вели Дева Мавхинга, аналитичар на „Хјуман рајтс воч“ за Јужна Африка.

Мнангагва има длабоки врски со Кина. Таму тренирал како герилски ворец во шеесетите години, го испратил синот да учи на кинески универзитет, а го посетил и пекинг пред пучот, што доведе до шпекулации дека таму барал благослов за стартување акција против Мугабе.

 

 

Неговите врски со Кина би можеле да му помогнат да привлече уште инвестиции и заеми од Пекинг, кои на Зимбабве му се навистина потребни, но тие би предизвикале загриженост на угледот на Мнангагва кај кинеските власти и дека сака таков политички модел да воведе и во својата земја.

Последните години Мнангагва се покажа како попрагматичен понасочен кон бизност од другите високи функционери во државата, па тоа делумно објаснува зошто народот го симпатизира.

Кога се вратил од Јужна Африка во среда навечер да ја преземе власта, тој пред ентузијастичната маса луѓе зборуваше за растечка економија и ветуваше работа.

 

Loading...

 

Засега има загарантирана поддршка од поголемиот дел од населениот, но тој народ знае дека тој долго беше дел од владата на Роберт Мугабе.

Затоа се надеваат дека тој нема да заборави што се случило на неговиот некогашен шеф, кој одлучи да замиже пред мизеријата во која живеат милиони обични граѓани на Зимбабве.