Кој чека – ќе дочека: Старица матурираше на 103 години (видео)

Сподели со своите пријатели

Старица од Висконсин својата средношколска диплома конечно ја ставила во својата витрина, и тоа 87 години откако се запишала во училиште кое не можела да го следи поради сиромашија.

Loading...

Марие Хунт живее во Спринг Грин,  во еден од многуте старечки домови. Таа во нејзините 103 години веќе не е во цветот на младоста. Но, желбата за матура никогаш не спласнала.

Патот до нејзината диплома траел 87 години. Марие сега во шала сега зборува дека размислува за упис на факултет, додека многумина ќе речат дека на неа не и треба такво нешто,  затоа што Марие веќе ги положила најтешките испити – испити на живот.

WKOW 27: Madison, WI Breaking News, Weather and Sports

 

Имено, иако е се запишака во средно училиште, Марие на крај се откажала од училиштето затоа што и било далеку за пешачење, а во куќата имала осум браќа и сестри за кои требало да се грижи. И така, Марие останала без средношколско образование.

Таа е најдобар пример за поговорката: “Кој чека – ќе дочека“. За неа тоа не се само празни зборови.

Браво Марие

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *