Кои се најопасните хороскопски знаци според статистиката на ФБИ?

Сподели со своите пријатели

ФБИ ја анализирал својата архива – тие ги споредиле датумите на раѓање и криминалните дела коишто некој ги извршил. Дошле до заклучок дека сериските убијци и потенцијалните психопати се родени во одреден период од годината.

Според нивната статистика тоа би изгледало вака, од најбезопасните до најопасните знаци:

12. Близнаци
Иако сите лошо зборуваат за луѓето родени во знакот на Близнаци, тие се чини дека се најмалку опасни од сите знаци. На нивните раце имало најмалку крв. Тие едноставно никого не доживуваат толку сериозно за да го убијат или повредат. Тие одбираат можеби и многу поболна точка – жртвите ги „убиваат полека“ со својата здодевност и долгите и опширни разговори.

Loading...

11. Водолија
Иако на многумина тоа не им е јасно, Водолијата е втора по ред меѓу најневините знаци во Зодијакот. Иако, можно е да не се даваат толку лесно да бидат фатени во криминалот како припадниците на другите знаци, бидејќи се паметни и добро ги прикриваат доказите. Сепак, ним правдата им е многу битна ставка во животот, но имаат и многу големо его кое не е лесно да се уништи.

10. Лав
За луѓето во овој знак можеме да кажеме дека се како кучињата кои многу лаат, но не гризат. Знаат да бидат гласни и да оставаат впечаток дека се многу опасни, а, всушност, со задоволство бегаат од неволјите. Кога луѓето во знакот на Лав некого ќе убијат, тоа најчесто го прават за да привлечат внимание – сепак, се познати по тоа дека сакаат да бидат центарот на светот.

9. Вага
Иако луѓето родени во овој знак оставаат впечаток на праведни, љубезни и стрпливи, тие извршуваат повеќе убиства од Водолиите и Лавовите заедно, што е малку чудно. се чини дека и трпението има свои граници, а Вагите често стануваат насилни откако некој бесрамно ќе се обиде да ја искористи нивната добрина.

8. Девица
Иако делуваат мирно и тивко, припадниците на овој знак, според податоците на ФБИ се просечни психопати и многу уредни убијци. Сепак, повеќе се склони кон измами и кражби, а не убиства. Кражбите и измамите, тие ги планираат до најситните детали.

7. Риби
Многумина би се излажале кога би помислиле дека луѓето родени во овој знак се слатки и мили. Некои од најпознатите убијци на светот биле токму Рибите, на пример, Џон Вејн Гејси, Ричард Рамирез и Ајлин Вурнос која убивала само мажи. Исто така, луѓето родени во овој знак се повеќе склони кон зависности. Рибите се и најчувствителниот хороскопски знак.

6. Јарец
Бројот на убијци во овој знак е поголем од просечното. Серискиот убиец кој убил најмногу луѓе бил токму Јарец. Иако се познати по својата склоност на почитување на законот и правилата, се чини дека луѓето родени во овој знак се мошне лути. Тие не убиваат често, но кога ќе дојде до тоа – одат до самиот крај.

5. Овен
Не е тајна дека луѓето во овој хороскопски знак знаат да полудат и брзо да избувнат. Тогаш нивниот гнев е страшен, но не трае долго, но во тие моменти можат да направат сешто и затоа подобро е да се тргнете од нив. Кога ќе се оддалечите од нив, тие се смируваат и дури забораваат зошто подивеле.

4. Бик

Кога Бикот ќе се налути, неговиот бес е многу интензивен. Сепак, припадниците на овој знак повеќе се склони кон измами, а не убиства. Причината за тоа е што сакаат луксуз и убави работи и ако тоа не можат да си го дозволат со чесна работа, ќе се свртат кон „онаа страна на законот“.

3. Стрелец
Можеме да кажеме дека Стрелецот е помеѓу првите три знаци најсклони кон злосторство. Но, нив не ги интересираат ситни, поединечни злосторства, туку одат на оние големите. Кога убиваат, го прават тоа масовно и сакаат да ги нарекуваат лидери. Во тој знак е роден, на пример, Тед Банди (сериски убиец, киднапер, крадец, некрофил…).

Loading...

2. Скорпија
Во ФБИ велат дека повеќето сериски убијци се родени во ноември. Меѓу нив има најмногу Стрелци, а остатокот се Скорпии. Луѓето родени во овој знак се познати како многу садистички настроени убијци.

1. Рак
На прво место, помеѓу сите манијаци на светот се нашле луѓето родени во овој знак. Тие најчесто убиваат поради љубомора. Склони се на нагли промени на расположението, што е и една од главните причини за проблеми, пренесува dailyoccupation.com.