Кои се најбогатите жени во светот кои тежат милијарди долари?

Сподели со своите пријатели

Најбогатата жена во светот е Алисон Волтон, наследничката на „Walmart“, чие богаство од 33,8 милијарди порасна на 46 милијарди долари.

Најбогатите 42 личности имаат пари колку половина од светската популација

Loading...

На овогодинешната листа на најбогатите луѓе според магазинот „Форбс“ се најдоа рекорден број на жени, вкупно 256. Нивното вкупно богатство, во споредба со минатата година е зголемено за 20 отсто.

Како навистина живеат децата на најбогатите луѓе во светот и колкаво е нивното наследство? (фото)

Поголемиот дел од милијардерките на оваа листа го наследиле своето богатство, но повеќе од четвртина од нив својот имот го создале самите.

https://instagram.com/p/BaZHMxGFJ-i/?utm_source=ig_embed

Најбогатата жена во светот е Алисон Волтон, наследничката на основачот на „Walmart“, чие што богатство од 33,8 се искачи на 46 милијарди долари. „Walmart“ е најголемата американска и светска компанија за трговија и најголем малопродажен ланец кој од неодамна успешно се пробива и на полето на интернет трговијата во директна конкуренција со „Amazon“.

Бил Гејтс симнат од врвот на листата на најбогатите во светот

Отсекогаш била позната како голема љубителка на уметноста, а веќе како дете ја купила репродукцијата на сликата на Пикасо за два долари.

Во кои држави живеат најбогатите луѓе на светот?

Собрала импресивна уметничка колекција, па така во неијзино сопствеништво се и делата на легендарните американски уметници како Енди Ворхол, Нормалн Роквел и Џорџија О’Киф.

Ова се најбогатите луѓе на сите времиња

Алис отворила и музеј за да ги „вдоми“ сите собрани уметнички дела, а се занимава и со одгледување на коњи и купува недвижнини.

 

Loading...

 

Меѓутоа, нејзиниот животот не минува без контроверзии. Учествувала во неколку сообраќајни несреќи кога е утврдено дека возила во пијана состојба, но се извлекла само со опомена.

МИЛИЈАРДЕРСКИ РАЈ: Неверојатни фотографии од имотот на Бил Гејтс (галерија)

Исто така се соочила со гневните работници на „Walmart“, кои огорчени од енормното богатство на своите шефови, протестирале и барале поголеми плати.

Бил Гејтс и како да се потрошат милијардите? Авиони, камиони и уметнички дела!

Волтон тронот го презема од наследничката на козметичкиот бренд „Лореал“, Лилијен Хенриет Шарлот Бетанкур, која почина во септември минатата година во 94. година.

 

 

Нејзината единствена ќерка, Франсоаз Бетанкур Мејерс, втора е најбогата жена чиј што имот е проценет на 42,2 милијарди долари.

13 „Илуминати“ семејства кои го контролираат светот

Третата на самиот врв од листата е Сусан Клатен, чие што богатство е проценето на 25 милијарди долари, првенствено благодарение на наследните акции во автомобилскиот гигант „БМВ“.

 

Loading...

 

Четвртата најбогата жена е Жаклин Марс, која се занимава со производство на храна. Во нејзина сопственост е познатиот бренд за слатки „Марс“. Нејзиното богатство е проценето на 23,6 милијарди долари.

„Рајските документи“ откриваат каде светската елита го крие богатството

Петта на листата е Јанг Хуијан од Кина која се занимава со недвижнини и има богатство од 21,9 милијарди долари.

„Дејли Мејл“: Путин е најбогатиот човек на светот со богаство од 200 милијарди долари

Помеѓу десетте најбогати жени осум од нив го наследиле своето богатство. Останатите две наследиле значителен имот, но потоа дополнително го развиле.

Leave a Reply