Кои локации ќе бидат без струја денеска и утре во Куманово?

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска и утре привремено ќе останат без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини денеска во период од 08:30 до 10:00 часот ќе има на улиците „Вардарска“, „Пробиштипска“ и „Борис Кидрич“.

Во период од 08:30-14:30 часот без електрична енергија привремено ќе останат дел од улицата „Ѓорче Петров“ – односно локалитетот „Магаза“ зад „Ќошар“, додека пак од 08:00 до 11:00 без напојување ќе останат жителите на месноста Примакови ниви.

Прекини во снабдувањето со електрична енергија има најавено и за утре. Во период од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе биде дел од улицата „Доне Божинов“.

Никола Ивановски

Leave a Reply