Кои автомобили ги возат најагресивните возачи? Резултатите од истражувањето може да ве изненадат

Сподели со своите пријатели

Дали возачите на БМВ, Ауди и Мерцедес се најдрските учесници во сообраќајот, дали навистина не ги почитуваат другите учесници во сообраќајот или сообраќајните знаци како што се претпоставува, истражувала норвешката осигурителна компанија.

Loading...

 

 

Иако предрасудите за способностите и однесувањето на возачите на германските премиум марки немаат научна основа, бројката на судири и инциденти во сообраќајот на возачите на БМВ, Мерцедес  и  Ауди  сепак даваат основа за шпекулации, пренесува Јутарњи лист.

Со цел да провери што мислат самите возачи за навиките на другите возачи, норвешката осигурителна компанија „Сторебренд“ спроведе анкета преку агенцијата „Норстат“ со цел да открие кога сметаат дека е опасно и кога се највнимателни на патот.

 

Loading...

 

Резултатите се интересни, можеби дури и очекувани.

Најагресивни зад воланот се возачите на БМВ, а така мислат повеќе од половина од испитаниците. Покрај Баварците е Ауди (37 проценти), потоа  Тесла (30 проценти), Порше (18 проценти) и Мерцедес (15 проценти).

Нивна спротивност се возачите на Тојота, Волво, Шкода фолксваген  и Опел.

 

 

Питер Берг од Сторбранд ги коментираше резултатите на следниов начин:

Loading...

„БМВ и Ауди се константни во ваквите анкети. БМВ се издвојува во нашата статистика за бројот на повреди, но ние сме повеќе изненадени од  Tесла со оглед на релативно малиот број на нивните модели на патиштата во споредба со другите марки“.