Кога лошиот однос на свекрвите ќе добие поинаков тек

Сподели со своите пријатели

Прочитајте ја оваа исповед на жена која после разводот се осмелила своите емоции да ги сподели со јавноста.

Loading...

„Мојата поранешна свекрва и јас бевме во многу лоши односи, нормално тоа доведе до уште полош однос со мојот сопруг, сега веќе поранешен.

Кога сме кај мојот поранешен, тој привремено се пресели кај своите родители, па во тие моменти јас се плашев дека мојот и онака лош однос со свекрвата, ќе стане уште полош.Бев убедена дека неговите родители мислат дека сум најлошата мајка и жена која некогаш постоела.

Знаете што? Погрешив.

Нормално имаше неколку незгодни момети на почетокот на оваа драма, но сепак верувам дека се заврши многу подобро од она што го очекував.

Велат дека личностите кои ќе ви се најдат во најтешките моменти, е токму на нив можете да сметате до крајот на животот. Бев убедена дека тоа ќе биде некоја од моите пријателки, но неможев ниту да претпоставам дека тоа ќе биде токму мојата поранешна свекрва.

Кога јас и мојот сопруг се разделивме, стравував како сето тоа ќе го поднесе нашата ќерка. Кој ќе ја носи на училиште? Кој ќе ја чува кога ќе бидам на работа?

Ќе погодите ли кој најмногу ми помагаше?

Loading...

Моите поранешни свекор и свекрва. Секако, сетоа тоа тие не го правеа за мене, туку само поради својата внука, но никош ништо не ми пререкле. Никогаш ниту еден лош збор.

Никогаш не ме прашаа зошто сме ние должни да ти помагаме?

Еден ден, ме повика поранешниот сопруг да ми соопшти дека повеќе неможе да го плаќа хипотекарниот кредит и дека имам 73 дена да ја напуштам куќата во која живеев со ќерка ми. Тоа не беше негова одлука, едноставно финансиски неможеше да поднесе толкав товар.

Плачев, многу плачев. Ги повикав неговите родители и ги замолив да ми го почуваат детето за да можам д анајдам некој стан во близина на нејзиното училиште.

Испратив честитка до нив за сето она што го прават за својата внука. Кога дојдов по својата ќерка, свекрвата ми рече дека ја примила честитката, а потоа ме праша за куќата. Почнав да плачам, а таа ме прегрна.

Ти секогаш ќе бидеш нејзина мајка, никогаш не би можеа д акажам нешто лошо за детето и за тебе. Жал ми е за се што било помеѓу нас, поради се што сум ти направила, рече свекрва ми.

Секако јас и простив, и исто така се извинив.

Таа ноќ го променив мислењето за неа. Имавме заеднички живот среќно дете и внуче. Решив да поминам преку се и да бидам благодарна за тоа што сега го прават за мене и моето дете.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.