Кога ќе шета со мажот и сите ги гледаат: Никому не му е јасно зошто е со него, а не со некое помладо и поубаво момче

Сподели со своите пријатели

Жена мажена за 23 години постар  маж вели дека луѓето не можат да разберат зошто таа не е со некој „помлад и поубав“.

Loading...

Русинката Александра Сињавска (31) го запознала Италијанецот Антонио Скукарела (54) во 2014 година, кога додека студирала хонорарно работела во едно кафуле во Торино.

Антонио застанувал на кафе бидејќи неговата канцеларија била зад аголот. Откако ја опсипал со комплименти, на крајот го освоил нејзиното срце и парот почнал да излегува.

 

 

Меѓутоа, два месеци подоцна, тие спогодбено се разделиле кога Александра одлучи дека не е доволно зрела за да биде во сериозна врска.

Ги завршила студиите за да се преквалификува како сметководител и се вратила во родната Москва, но парот останал во врска следните неколку години.

Loading...

– Купивме билети и направивме планови за одмор во Барселона кога Ковид ја зафати и Италија ги затвори границите. Инсистираше да одам без него, но јас му реков „не“ и останавме дома, тој во Торино, а јас во Прага – вели Александра.

 

 

За време на заклучувањето, тие разговарале секој ден и си кажувале што прават. Во септември 2020 година, Александра се преселила во Торино да живее со своето момче.

Додека живеела со Антонио, Русинката останала бремена, но трагично го загубила бебето во петтата недела од бременоста.

– Тоа не натера да сфатиме дека сакаме да бидеме заедно, да се венчаме и да основаме семејство – изјави таа.

Во февруари 2021 година дозна дека е повторно бремена, но повторно се случи пекол кога имала спонтан абортус во седмата недела.

Loading...

 

 

По неколку тешки месеци во кои Антонио ја запроси, парот конечно се свршил кога Александра била подготвена во јуни 2021 година, свадбата била во декември.

Сепак, Русинката вели дека луѓето чудно ги гледаат и им даваат непријатни коментари.

– Претпоставуваат дека сум со него поради парите и велат дека не би била со него да е обичен службеник или чистач – вели Александра.

Таа додаде дека на пријателите на Антонио им требало време да сфатат дека таа е со него затоа што го сака, а не затоа што ги сака неговите пари или да живее во Италија.

 

Loading...

 

– Некои од моите пријатели се уште не разбираат зошто не сум со поубав дечко на моја возраст. Понекогаш кога сме на улица, луѓето прашуваат дали ми е татко и мораме да разјасниме дека смепар  – рече таа и додаде дека по некое време и здодеале дури и смешни ситуации.

На Александра не и е првпат да биде со постар маж, бидејќи на само 16 години излегувала со 26-годишно момче, а еден поранешен бил 19 години постар од неа.

– Многу рано открив дека не ми се допаѓа нормалниот систем. Претпочитам човек кој знае да живее, кој е искусен, кој го пропатувал светот и кој знае кој е – рече таа.

Таа рече дека повеќето луѓе ги осудуваат врските со големи разлики во годините бидејќи не се информирани за нив.

Loading...

– Се што е надвор од нормите  е неприфатливо – заклучи Александра.