Кога ќе се изглупираш уште на првиот состанок и ќе се заглавиш на прозорец (фото)

Сподели со своите пријатели

Можеби се сеќавате на приказната за еден состанок во градот Бристол кој тргнал по зло. Да потсетиме, девојката била кај момчето во станот и морала итно во тоалет. Бидејќи успеала да ја затне вц школката, не знаела што друго, па и текнало, фекалиите да ги собере со тоалетна хартија и да ги фрли низ прозорец. Потоа се предомислила и сакала низ прозорецот да излезенадвор и да го собере „продуктот на својата работа“, но се заглавила во прозорецот.

Морале да интервенираат дури и пожарникарите за да ја спасат, пишува ВВС.

Девојката всушност, бидејќи излегла од тоалетот признала на Лајам што направила. Тогаш тој и бојаснил дека тоа не е прозорец кој гледа надвор туку зад него има уште еден прозорец, а измеѓу е дупка во која завршил „пакетот“.

Тој сакал да отиде по чекан и така да ја реши работата, додека таа со оглед дека вежбала гимнастика, имала поинакво решение. Мислела дека ќе успее да го дофати она што го фрлила.

Студентот со кој неименуваната девојка била на состанок, Лајам Смит покренал акција за собирање пари за скршениот прозорец и од предвидени 200 фунти собрал 10 пати повеќе.

Тие двајцата решиле вишокот пари да го поделат во хуманитарни организации, една, која помага на пожарникарите и друга која гради и одржува тоалети во земјите во развој.

 

Loading...