Коцката од пред Гимназија замина во историја, улицата доби нов асфалт (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Старата коцка на улицата „Перо Чичо“ од денеска замина во историјата. Заедно со улицата „Прва Петолетка“ денеска добија нов асфалт во рамките на ИПА проектот за реконструкција на улиците во градот.

 

Loading...

 

Старото градско јадро добива нов лик, а со тоа и подобра безбедност за илјадниците средношколци, основци и дечиња кои ја посетуваат детската градинка.

Мене ми е жал, тоа беше последното парче од традиционалната коцка во Куманово, тоа беше симбол на едно време од минатото, меѓутоа бевме приморани тоа да го направиме бидејќи тука имаме реконструкција на подземна канализациона мрежа, приклучоци и беше доста оштетена оваа улица. Не можевме да направиме адекватна замена со коцка и затоа се одлучивме да направиме промена со асфалтна подлога. Асфалтирање на улиците е некаде околу 1.500 квадратни метри, тоа е спојување со Гимназијата, „Среќко Пужаљка“, улицата „Перо Чичо“ и „Перо Шварц“, значи ќе го направиме овој циркл, комплетна реконструкција на оваа старо градско јадро, многу значајно бидејќи кажав тука е Гимназијата „Гоце Делчев“, градинката „Ангел Шајче“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте“ преку „Среќко Пужаљка“ така да имаме тука голем проток на возила, луѓе, мигрираат над 3.000 ученици и дечиња, ова е замисла која беше долго време поставувана, меѓутоа поради реконструкција на постоечката канализациона мрежа оваа година го завршуваме овој проект – изјави Дамјановски.

 

Локалната самоуправа поради зголемена безбедност за дечињата ќе инсистира на поставување што повеќе лежечки полицајци, поради хаотичното возење и непочитување на сообраќајните правила од страна на граѓаните на Куманово.

Ќе одиме со изолирана, парцијално барање за сообраќајна согласност особено за овој дел, затоа што знаеме дека сообраќајната култура во Куманово не е на завидно ниво, оваа лето имаме доста сообраќајки и повредени и апелирам за совеста на сообраќајната култура и совеста на граѓаните да биде на повисоко ниво, се надевам дека апелот ќе достигне до возачите и ќе имаме малку попристоен сообраќај во Куманово – додава Дамјановски.

Тука нема да запре проектот за реконструкција на патните правци низ градот. Веќе деновиве ќе се заврши постапката за улиците „100“ во населбата Карпош, „Тоде Думба“ и „Тоде Мендол“ во површина од 30.000 квадратни метри.