Кочанчанец прво си го здробил, па си го пресекол пенисот

Сподели со своите пријатели

Шеесет и четири годишен жител на Кочани завчера итно бил транспортиран на Клиниката за урологија откако претходно си нанел повреди по целото тело па си го отсекол пенисот, пишува порталот Здавство 24.

Loading...

Поради обилното крварење, пациентот веднаш бил внесен во операциона сала.  На хирургот му требале околу три часа за да му овозможи на кочанчанецот во иднина да може да ги извршува барем физиолошките потреби.

-Повредата беше со нагмечување и потоа отсекување на пенисот и сето тоа пропратено со масовно крварење. Операцијата се состоеше во извлекување на оној внатрешен скриен дел од пенисот и негово препокривање со кожни фрапови за да може да ги извршува основните потреби, вели за Здравство 24, др. Огнен Ивановски од Клиниката за Урологија

На клиника го донел неговиот син кој го пронашол во локви крв и без полов орган. Отсечениот дел не го пронашол  бидејќи пациентот претходно го здробил со чекан. Станува збор за лице со психијатриска дијагноза.  Тој е втор случај од Кочани кој го исекол пенисот по 22 годишниот дечко кој во октомври го изврши истиот чин поради љубовни проблеми.

– Тоа се најчесто пациенти со психијатриска генеза. Слушаат гласови дека мора да го сторат тоа, дека имаат чипови и посегнуваат на таков чин, вели Ивановски.

64- годишниот кочанчанец ќе остане на клиника до стабилизирање на неговата состојба. И покрај тешките повреди на половите органи, уролозите успеваат да ги спасат ваквите пациенти за да можат да ги вршат основните физиолошки потреби.

Извор: Здравство 24


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *