Претседателката на Советот на општина Куманово и членките на Клубот на советнички, вчера засадија садници во близина на Спортската сала и со тоа дадоа свој придонес во раззеленувањето на градот.
Loading...
Акцијата ја спроведоа во соработка со Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.
Loading...
Како што велат, целта е да се разбуди свеста кај нашите сограѓани за зачувување на здрава животна средина, а ова е само една од активностите, кои планирааат да ги реализираат во иднина.
Инаку, во Клубот на советнички членуваат претставнички од Советот на Општина Куманово од сите политички партии.
Никола Ивановски
Loading...