Поранешниот американскиот претседател Бил Клинтон, кој е во болница на лекување поради инфекција, добро се опоравува и се очекува да биде отпуштен во недела, изјави вчера портпаролката на Клинтон.
„Тој е одлично расположен и помина време со семејството, се дружеше со пријателите и гледаше универзитетски фудбал“, се вели во соопштението на Твитер.
Клинтон беше примен во болница бидејќи се чувствуваше уморно и прима антибиотици, рекоа неговите лекари.
Си – Ен – Ен претходно објави дека неговите лекари веруваат дека Клинтон имала инфекција на уринарниот тракт, која се проширила во крвотокот.
Поранешниот американски претседател во минатото имаше проблеми со срцето. Во 2004 година му беше вграден четирикратен бајпас, а во 2010 година беше опериран за проширување на запушената коронарна артерија.
Неговата сопруга Хилари, поранешен државен секретар и претседателски кандидат, го посети во саботата во болницата.