Климатските кризи може да предизвикаат штета од илјадници милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Енергетската криза е незначителна во споредба со последиците од климатските промени, бидејќи временските кризи, предупредуваат експертите, може да предизвикаат штета од илјадници милијарди евра, јавува Anadolu Agency (AA).

Loading...

Шефот на Европската вселенска агенција (ЕСА), Јозеф Ашбахер, предупреди дека економските последици од топлотните бранови и големите суши можат да ја засенат европската енергетска криза, поради што, според него, е неопходно итно дејствување против климатските промени.

„Денес сме многу загрижени за енергетската криза, и со право. Но, оваа криза е незначителна во споредба со последиците од климатските промени, кои се многу поголеми и треба навистина, навистина брзо да се решат“, изјави Ашбахер за Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Тој рече дека последователните топлотни бранови, заедно со шумските пожари, сушењето на реките и зголемувањето на температурите според податоците од вселената, покажуваат дека климатските влијанија несомнено влијаат врз земјоделството и другите економски сектори.

Во првата половина од годинава во Франција изгореа над 57.200 хектари земја, што е шест пати повеќе од просекот за целата година досега.

Во Шпанија, јули беше најтопол месец од најмалку 1961 година, додека Велика Британија повторно издаде предупредување за екстремна топлина по јулскиот рекорд од над 40 степени Целзиусови.

Во последните недели, мрежата на сателити за набљудување Коперник Сентинел-3 забележа екстремни температури на површината кои достигнуваат над 45 степени целзиусови во Велика Британија, над 50 степени целзиусови во Франција и дури над 60 целзиусови степени во Шпанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

„Изгледа прилично лошо. Видовме екстреми што не сме ги виделе досега“, ги сумираше Ашбахер овогодинешните настани.

Loading...

Во реалноста, целиот екосистем се менува многу, многу брзо и многу побрзо отколку што очекуваа научниците до пред неколку години, предупредува тој и објасни дека комбинацијата од суши, пожари и интензитетот на бурите е видлив знак за климатските промени.

Со поизразени промени на температурата, и ветровите стануваат посилни и предизвикуваат посилни бури.

„Тајфуните се многу посилни отколку порано во однос на брзината на ветерот, а со тоа и штетата“, рече Ашбахер, кој одговара и на скептиците за климатските промени кои тврдат дека тоа отсекогаш се случувало.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луѓето пренесуваат повеќе вируси на животните отколку што ги добиваат од нив

„Секако, отсекогаш сме имале временски флуктуации, но никогаш до сега на ваков размер. Нема сомнеж дека тоа се должи на климатските промени“, посочи тој.

Тој, исто така, ги отфрли тврдењата на критичарите дека борбата против климатските промени бара многу пари и затоа најмногу ги погодила сиромашните земји.

Ашбахер ги отфрла овие обвинувања и предупредува дека овогодинешните временски кризи може да предизвикаат штета од неколку илјади милијарди евра доколку не ги послушаме предупредувањата што ни беа дадени оваа година.