КК Куманово во среда ќе ги одмери силите со шампионот МЗТ

Сподели со своите пријатели

Во реприза на минатогодишното финале на плеј офот, во среда од 20 часот вицешампионот Куманово е домаќин на шампионот МЗТ Скопје Аеродром.

Loading...

Кумановчани по неочекуваниот убедлив пораз  од Фени Индустри, на дуелот против најсилниот ривал на домашната сцена, шампипнот МЗТ Скопје ќе мораат да го поправат лошиот впечаток од премиерата во Кавадарци.

На овој натпревар нема фаворити, квалитетите на двата тима се скоро изедначени,Куманово ќе биде поблиску до посакуваниот триумф ако успеа да ја затвори одличната надворешна линија на шампионот, Љубичиќ, Дреновац, Дамјан Стојановски и Марко Симоновски. Сигурно најголем проблем за одбраната на металците ќе бидат Урош Луковиќ, Мандиќ и капитенот на кумановци Александар Костоски.