КК Куманово во борба за титула на Кошаркарскиот куп на Македонија

Сподели со своите пријатели

Во рамките на Кошаркарскиот куп на Македонија во петок во рамки на четвртфиналето КК Куманово ќе се бори за понатамошен пласман со борба против Работнички.

Тренерот Страшко Тодоровиќ е горд на своите играчи и има високи очекувања од купот.

Куманово бележи само успеси, но за жал ќе се сретнеме со најтрофејниот клуб Работнички уште во четвртфиналето. Мислам дека ќе ги добиеме, но одиме чекор по чекор – истакна Тодоровиќ.

Инаку Гевгелија е домаќин на 24-то издание на Кошаркарскиот куп на Македонија каде на паркетот ќе се сретнат најдобрите осум екипи во машка и најдобрите четири екипи во женска конкуренција. Спортската сала има околу 2.000 седишта, но неизвесно е дали ќе можат да присуствуваат гостински навивачи.