КК Куманово вечерва по втора победа во „Јане Сандански“

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва на гостински терен ќе го одиграат третиот меч од финалната серија во рамките на домшаната кошаркарска лига, каде ќе се сретнат со актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Засега изедначени со резултат 1:1, откако изабраниците на Србиновски победија во гости, а изгубија дома, вечерва во „Јане Сандански“ одат по втора победа, по втора радост за своите верни навивачи.

Засега нема информации дали ќе бидат отворени вратите за публиката, но најверојатно нема да има забрани за кумановци да го подржат сино-белиот тим.

Но, за сите оние кои нема да можат да заминав во Скопје натпреварот започнува во 19 часот, а најавен е директен пренос на еден од програмите на Македонската радио телевизија.