КК Куманово вечерва игра за трета победа против Работнички

Сподели со своите пријатели

На паркетот во Спортската сала во Куманово вечерва ќе се одигра најважниот меч од плејофот од кој доколку КК Куманово излезе како победник против Работнички, ќе си го загарантира местот во полуфиналето од домашната кошаркарска лига.

Изабраниците на Србиновски во четфртфиналето од плеј офот влегоа со еден поен предност, па на домашен терен забележаа пораз, но на гостински убедлива победа, со што се 2:1 пред Чеховски и екипата. Доколку биде загубен мечот ќе се игра одлучувачки натпревар каде и за двете екипи нема да има место за деконцентрација.

Сите љубители на КК Куманово, но и на добра кошаркарска игра вечерва се добредојдени својата поддршка да ја дадат од трибините во салата со фер и спортско навивање.