КК Куманово вечерва гостува кај Теодо, Костоски со повреда

Сподели со своите пријатели

Спортскиот центар Жупа во Тиват вечерва ќе биде домаќин на натпреварот помеѓу црногорскиот клуб Теодо и КК Куманово во рамките на БИБЛ лигата.

Кошаркарите на Куманово од вчера се во Црна Гора каде одржаа и тренинг во рамките на подготовките за мечот, а вечерва во 18:30 ќе се борат за нова победа. Куманово првиот меч во балканската лига го одигра токму против овој клуб кога на домашен терен го совлада со резултат 78:75.

До сега Куманово не бележи порази во БИБЛ лигата, каде со осум поени се наоѓа на врвот на листата во табелата А со четири победи.

Вечерва покрај сите најави, капитенот на сино-белите нема да игра со оглед на неговата повреда на стопалото со која се здоби на мечот против Работнички во рамките на првото коло од домашното кошаркарско првенство.