КК Куманово вечерва го пречекува Сигал Приштина

Сподели со своите пријатели

Со почеток во 19 часот вечерва на домашен терен кошаркарите на Куманово го пречекуваат составот на Сигал Приштина од Косово во рамките на БИБЛ лигата.

Во балканското првенство избраниците на Србиновски се наоѓаат и натаму на првата позиција од А групата со 12 бода, оставајќи го зад себе Берое со 10.

Капитенот на екипата Александар Костоски вечерва за последен пат сезонава ќе заигра во сино-белиот дрес на Куманово по што својата кариера ќе ја продолжи во Романија.