КК Куманово вечерва го пречекува Пелистер, трибините повторно празни

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен го пречекуваат составот на Пелистер во рамките на 4 коло од домашното кошаркарско првенство.

Средбата започнува во 19 часот, повторно пред празни трибини поради казната од минатата година која Македонската кошаркарска федерација ја определи за КК Куманово, првите два меча од првенството на домашен терен да се одиграат без публика.