КК Куманово вечерва го пречекува Пеќ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва го пречекуваат составот на Пеќ од Косово во рамките на натпреварувањата од БИБЛ лигата, во кој доколку победат како првопласирани од табелата ќе влезат во полуфиналето од лигата.

Сепак дел од ростерот на тренерот Марјан Србиновски е со повреди. Неизвесен е настапот на Караџовски, Јанески и Живановиќ кои се на терапии по завршувањето на Супер купот, каде сино-белите претрпеа пораз од Работнички во четвртфиналната средба.

КК Куманово моментално е на првата позиција во табелата со 7 поени, додека гостите од Пеќ се треторангирани со поен помалку.

Натпреварот ќе започне во 19 часот, а ќе се игра во градската Спортска сала, откако минатиот меч на домашен терен поради оштетување на пaркетот се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.