КК Куманово вечерва го игра третиот плеј-оф меч против МЗТ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово вечерва со почеток во 19 часот го играат третиот меч во рамките на плеј-оф завршницата од домашниот шампионат против составот на МЗТ Скопје Аеродром во Спортската сала на СЦ „Јане Сандански“.

Претходните два натрепвари КК Куманово ги загуби, првиот со 20 поени разлика одигран на гостински терен, но и вториот одигран пред домашната публика во недела со резултат 88:93.

Доколку МЗТ Скопје вечерва повторно извојува победа тоа значи пласман во финалето, а КК Куманово става крај на своето натпреварува во овогодинешната кошаркарска сезона.