КК Куманово вечерва ги одмерува силите со МЗТ

Сподели со своите пријатели

МЗТ Скопје Аеродром е вечерашниот противник на кошаркарите на Куманово во рамките на 5-то коло од домашната Супер лига.

Натпреварот ќе започне во 18 часот во Спортската сала „Јане Сандански“, каде сино-белите ќе се борат за победа, но без својот тренер Марјан Србиновски кој е суспендиран од мечот со одлуката на МКФ поради како што наведуваат недолично однесување кон судиите.

Црниот биланс од три порази по ред ги однесе кумановци на претпоследното место од табелата, па вечерашниот натпревар е од големо значење за нова победа. Во битката ростерот на Куманово ќе го предовди асистентот на Србиновски, Милош Нинковиќ.