КК Куманово утревечер го пречекува Работнички

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утревечер на домашен терен го играат натпреварот од 19. коло во домашниот шампионат.

Loading...

За противник ќе го имаат составот на Работнички.

Работнички засега влегува како фаворит во средбата, иако Куманово и во минатото знаело да изненади кога се во прашања натпреварите со најтрофејниот клуб во државата.

Кумановци мака мачат финансиски да го консолидираат клубот, што се одрази и на нивниот досегашен скор од само четири победи од 18 одиграни натпревари.

Од друга страна Работнички е неколку позиции погоре во табелата со 10 победи и осум порази.

Средбата се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 20:30 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја претепал сопругата, па се заканувал на другите во семејството

Никола Ивановски