КК Куманово утре со нов тренер ги пречекува струмичани

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово утре на домашен терен ќе се обиде да извојува нова победа над кошаркарите од Струмица во рамките на 18-то коло од домашната кошаркарска лига.

Паркетот на спортсата сала ќе доживее уште еден интересн меч овој пат со Марјан Србиновски како прв човек на стручниот штаб, откако во рамките на Кошаркарскиот куп на Македонија КК Куманово беше совладан од ривалот Карпош Соколи.

Моментално кумановци се наоѓаат на третата позиција на табелата, со еден поен зад „соколите“, односно 29 поени и можност за нивно зголемување.

Затоа утре сите љубители на кошарката и на кумановскиот клуб ќе ја пружат поддршката од трибините во спортската сала Куманово. Билетите се во продажба по цена од 50 денари, а натпреварот започнува во 19 часот.