КК Куманово утре против Кожув

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на гостински терен со почеток во 18 часот ќе ги одмерат силите со екипата на Кожув, во рамките на 6то коло од домашниот шампионат.

Loading...

Куманово во последниот меч го совлада тимот на Вардар со 91:70, со што моментално е на 6та позиција во табелата со ист број бодови како и Кожув кој е едно скалило погоре. Со еден бод повеќе пред нив се МЗТ, Работнички, Еуро Никел и Гостивар.

Утрешниот меч ќе одлучи дали избраниците на тренерот Александар Петровиќ ќе издоминираат за искачување на подобра позиција во табелата или Кожув ќе ја зацврсти својата.

Leave a Reply