КК Куманово утре на гости кај Кожув, а на 12-ти кај МЗТ Скопје

Сподели со своите пријатели

Во рамките на 19-то коло од домашното кошаркарско првенство Кошаркарскиот клуб Куманово утре на гости се среќава со КК Кожув од Гевгелија.

Натпреваорт ќе се игра од 19 часот, а победата на клубот ќе значи чекор напред во табелата на која моментално КК Куманово е на третата позиција со вкупно 31 поена, веднаш за МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи со по 32 поени.

Инаку на 12-ти овој месец, односно следната сабота КК Куманово на гостински терен ќе игра меч со високо значење, односно вечниот ривал МЗТ Скопје Аеродром со кој минатата година играше во финалето. Натпревар кој буди огромен интерес кај љубителите на кошарката, но и натпревар од висок ризик.