КК Куманово утре без Јонел Браун против Карпош Соколи

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утревечер со почеток во 19 часот ќе го одиграат првиот меч од втората фаза во рамките на БИБЛ Лигата и тоа против еден од најтешките противници, Карпош Соколи.

 

Loading...

 

Скопскиот тим влегува како фаворит во натпреварот, особено ако се земе во предвид  лошиот здравствени билтен на избраниците на Србиновски, а пред се на американскиот плејмејкер Јонел Браун кој поради повреда утре ќе остане на клупа.

Ќе пробаме да дадеме максимум, да изиграме максимално што можеме, значи Карпош Соколи е голем фаворит не треба многу да се замараме со тие работи, да влегуваме со притисок дека мора да се добие овој натпревар, туку да изиграме колку што можеме во овој момент и да се покажеме во добро светло – рече Србиновски.

 

Во вториот дел од натпреварот освен Карпош Соколи, за противници кумановци ги имаат и кошаркарите на Теодо и Пеќ.

Имаме стварно доста тежок распоред, сега гостуваме на Карпош Соколи, па наредна недела на Пеќ. Во овој состав со повреден Браун не знам колку може да се надеваме на некој позитивен резултат, но во овој момент како да ви кажам кои играчи ќе настап ќе дадеме максимум па што направиме, направиме – додава Србиновски.

Нешто пооптимистичен во својата изјава беше кошаркарот Никола Караколев кој вели дека уморот од тешкиот натпревар кој го имале кошаркарите на Карпош Соколи во недела може да ни биде од корист.

Се надевам дека во среда ќе пристапиме со добра игра, добар пристап, да го искористиме тој нивен умор кој што вчера го направија. Со прикажана добра игра може да покажеме нешто повеќе, а зошто не и да победиме без разлика што Карпош Соколи се натпреваруваат во АБА Лига и се фаворити – рече Караколев.

 

Иако кумановци добро се рангираат во балкнаската лига, сепак состојбата во домашниот шампионат станува се пожешка, откако управата на КК Куманово и уште неколку клубови повторно влегоа во војна со челниците на МКФ и побараа да се вратат старите котизации за странски играчи, во спротивно нема да го платат долгот. Од МКФ пак одречни, уште еден натпревар со технички пораз и трансфер во трета лига, но како ќе успее првата лига со четири клубови останува да видиме.

 

Loading...