КК Куманово триумфираше во сред Скопје, Трајковски им пресуди на МЗТ

Сподели со своите пријатели

Голем триумф на Куманово од 87-84 над актуелниот шампион МЗЗТ Скопје А.,на гостувањето во Јане Сандански на стартот на финалето на Плеј офот.Кошаркарите на Куманово го изненадија бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром на отворањето на финалната серија на Плеј офот, и стигнаа до брејк во супер неизвесниот воведен натпревар од финалето на Плеј офот.

Тројката на Костоски на десет секунди пред крајот на средбата  и  прецизно изведените слободни фрлања на Караџовски  беа пресудни за големата победа на Куманово на гостински  терен .Секако мора да се одбележи и неверојатната игра на Бојан Трајковски кој во периодот кога МЗТ Скопје оствари преднпст од 9 поени со серија од три тројки и неколку поени од рекетот го врати Куманово во победнички ритам и го трасираше патот до големиот успех,вреден брејк во финалето на Плеј офот.

Loading...

МЗТ Скопје и Куманово вечерва во Јане Сандански одиграа  изедначен и неизвесен меч кој беше решен во последните секунди. Од почетокот до крајот на средбата двете екипи се менуваа во водство, но по последниот звук на сирената се радуваа гостите од Куманово.

Репрезентативното трио на  Куманово, Трајковски, Костоски и Симоновски го водеше тимот до уште една голема победа во Плеј офот . Трајковски одигра маестрален натпревар и со 32 поени и 14 скока беше убедливо најдобриот поединец на дуелот во Скопје.
Во домашниот состав  Дреновац постигна 21 а капутенот Дамјан Стојановски 20 поени.

Во последната минута кога се одлучуваше прашањето на победникот покрај Трајковски очекувано  на висина на задачата беше и капитенот на гостите Костоски кој погоди тројка за водство од 85-82.

Во следниот напад  по  непрецизниот шут  за три поени на Дамјан Стојановски, Мијатовиќ намали на 85-84. Кошаркарите на МЗТ  направија брза лична грешка над Караџовски а бекот на кумановчани беше  непогрешлив од линијата за слободни фрлања за голема радост на Куманово  и триумф за стартот водство во финалето на Плеј офот од 1-0.

Вториот натпревар од големото финале до три победи се игра во Куманово во сабота.

Текст: СуперСпорт
Фото: Архива на Кумановски Муабети