КК Куманово со убедлива победа против Работнички (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Со резултат од 98:67 кошаркарите на Куманово убедиливо извојуваа победа во мечот со Работнички, во рамките на 22-то коло од домашната кошаркарска лига кој се играше во преполната Спортска сала во Куманово.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”329″]

 

Добриот старт на мечот со седум шута од кои шест за три пооени беа причина КК Куманово да си обезбеди добра предност над гостите, а во играта предничеше Бојан Трајковски кој по само неколку минути од почетокот имаше реализација 5/5 од позицијата за три поени.

По само седум минути ваквата игра донесе предност од 15 поени за домаќините и резултат 29:14, но Работнички не се предаваше, па така во одреден момент намали на разлика од минус шест и резултат 38:32, но тоа беше само за кратко. Во последнитеминути од втората и почетокот на третата четвртина кумановци постигнаа 20 поени во низа и достигнаа највисока преднос од 26 поени.

 

 

Бојан Трајковски со 26 поени, од кои пет тројки и со 13 скока беше најдобар во победничката екипа, каде друштво на врвот му прават и 17-те поени и осум асистенции на Александар Костоски, како и 13 поени и тоа 8/8 од линијата за слободни фрлања впишани на името на Димитар Караџовски.

Сепак играчите на КК Куманово остануваат на третата позиција во табелата со 15 победи и 7 порази, една победа повеќе од четвртопласираните Фени индустри, односно една помалку од Карпош Соколи.

 

Loading...

 

Во 23-то коло КК Куманово ќе гостува кај Фени Индустри во Кавадарци и тоа на 2-ри април, за да неколку дена подоцна, односно на 6-ти парил на домашен терен ги пречека играчите на Карпош Соколи.