КК Куманово со тешки маки го совлада Бест од Гевгелија (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

На домашен терен КК Куманово со тешки маки го совлада КК Бест од Гевгелија со резултат 88:74. Кумановци беа во постојано водство, но постигнувањето разлика против дебитантите на Бест одеше потешко од очекувањата на публиката.

Loading...

[huge_it_gallery id=”215″]

Првата двоцифрена вредност на изабраниците на Луковиќ ја добија со резултат од 34:22, а полувремето заврши со резултат од 40:37 во корист на домаќините.

Во третата четвртина веќе играчите на Бест може да се каже дека парираа на играчите на Куманово, а веќе на половина од третата четвртина го изедначија резултатот 45:45 и таа предност постојано ја одржуваа на константно ниво од седум до девет поени.

Конечно Бест потпадна под силата на КК Куманово во завршните десет минути, односно Куманово пвоторно дојде до двоцифрена вредност, за да на крајот мечот го завршија со 88:74.

Loading...

Најефикасен играч во тимот на Куманово беше Урош Луковиќ со 21 поен и 14 скокови, Костовски со 18 и Урош Петрович со 17 поени, додека во екипата на Бест најефикасен со 30 поени беше Тајрон Харис.