Со десет поени разлика Кошаркарскиот клуб Куманово впиша пораз во табелата од домашното кошаркарско првество, откако Кожув победи во вчерашниот дуел одигран во Гевгелија со резултат 79:69.
Кожув покажа солидна игра веќе во втората четвртина со што си овозможија на полувреме да заминат со седум поени предности и резултат 38:31.
Разликата во последниот период веќе стаува двоцифрена во полза на домаќините, односно 67:56 на само четири минути пред крајот на натпреварот, по што Кожув успеа да триумфира над Куманово со резултат 79:69.
Најдобар во таборот на кумановци беше Александар Костоски со 24 поени, а водено и најефикасен играч на целиот меч.
Следниот наптревар ќе се одигра веќе на 12-ти кога КК Куманово на гости ќе се пресметува со ривалот МЗТ Скопје Аеродром.