КК Куманово со пораз на стартот на Суперлигата

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово претрпеа пораз во првото коло од плеј-офот во домашниот шампионат, откако на гостински терен викендов беа совладани од составот на МЗТ Скопје Аеродром со резултат 81:79.

Израмнета прва четвртина прикажаа и гостинскиот и домашниот состав, желбата за победа на Куманово и МЗТ беше преголема па за само 10 минути на паркетот резултатот беше 29:27 во корист на „штрковите“ од аеродром.

Вториот период беше во корист на гостинскиот состав. Куманово имаше пефектна втора четвртина, па на полувреме замина со водство од 43:39 со желба за победа на стартот на Суперлигата.

Третата четвртина Куманово продолжи да го полни кошот на домаќинот, па во последниот период влезе со двоцифрена предност од 11 поени, односно резултат 65:54.

Но, последните 10 минути Куманово доживеа пад на играта, а актуелниот шампион го искористи тоа и за само пет минути ја стопи позитивата на гостите и со резултатот 70:70 беше јасно дека кошаркарите на МЗТ нема лесно да се предадат.

На помалку од минута пред крајот на мечот резултатот повторно беше израмнет, овој пат на 77:77. Нешовиќ погоди за три пони и водство на домашниот состав со 80:77. Промашувањето на Бранислав Ѓекиќ беше доволно на домаќинот да му остане време да ја заврши предноста од три поени до звукот на сирената.

Поентер на мечот со 23 поени беше српскиот интернационалец Мирко Ковач, а со 20 зад него во составот на Куманово најефикасни беа Адем Мекиќ со 20 поени и Бобан Стајиќ со 7 поени, 7 скока и 14 асистенции.

Следниот меч кумановци го играат на домашен терен веќе во среда против составот на АВ Охрид.

Leave a Reply