КК Куманово со победи во младинските категории викендов

Сподели со своите пријатели

Младинските состави на Кошкарскиот клуб Куманово викендов забележаа победи во М16, М18 категориите, како и во Втората кошаркарска лига на Македонија.

Loading...

Во рамките на М16 категоријата каде се натпреваруваат кошаркари до 16 години, Куманово со резултат 72:59 убедливо го совлада Фени Индустри од Кавадарци.

Во М18 категоријата, односно кошаркари до 18-годишна возраст, сино-белите го совладаа составот на Работнички со резултат 69:78.

Победа кумановци остварија и во Втората македонска лига каде со резултат 83:90 успешно го совладаа составот на Дино баскет.

Во Втората лига Куманово е на деветтата позиција во табелата, во категоријата М16 кумановци го заземаат првото место во табелата со 11 победи, додека во М18 моментално го имаат третото место во табелата.

Сениорскиот тим во Првата лига е во исчекување на датумот за Купот на Македонија кој требаше да се одигра минатиот викенд, но беше одложен поради деновите на национална жалост.

Leave a Reply