КК Куманово со намален буџет за претстојната сезона (видео)

Сподели со своите пријатели

По пишувањата на спортските портали дека Кошаркарскиот клуб Куманово се наоѓа во тешка финансиска состојба и дека е неизвесно каков ќе биде новиот состав за претстојната сезона со оглед дека некои од играчите заминуваат во други клубови, одговор побаравме од градоначалникот Зоран Дамјановски.

Тој ги потврди тврдеата дека клубот е за прв пат во незавидна положба и има преголеми амбиции во однос на финансиските можност.

Ќе се обидеме да ги адаптираме финансиските можности со желбите на раководството и можните трансфери на играчи. Се јавија нови донатори, луѓе кумановци кои се заинтересирани да го поддржат овој спорт и мислам дека ќе најдеме некоја средина. Во секој случај ќе биде малку помал фондот, буџетот на овој клуб за наредната година што можеби и не толку драстично, но ќе се одрази и на фондот на играчи. Меѓутоа, цврсто сум убеден дека со силна наша желба и поддршка ќе бидеме повторно една од главните екипи нашето првенство – рече Дамјановски.

КК Куманово во изминатата сезона имаше неколку репрезентативни имиња во својот состав, но дел од нив веќе заминуваат од клубот. Марко Симоновски се врати во клуб за кој претходно играше, МЗТ Скопје Аеродром, спрскиот интернационалец Вукашин Мандиќ заминува на Кипар, додека за Бојан Трајковски неофицијално кружеа информации дека е во преговори за трансфер во МЗТ, а дека Александар Костоски имал солидна понуда од Работнички која не ја прифатил па така уште една сезона ќе настапува во сино-белиот дрес.

Веќе неколку недели се обидуваме да стапиме во контакт со директорот на клубот, но во моментот тој е надвор од државата, па неговиот став ќе се обидеме да го добиеме наскоро.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”big” cover_photo=”show” locale=”en_US”]

Loading...