КК Куманово со игра ”топло – ладно” на петто место во домашната лига

Сподели со своите пријатели

Водечкиот тим на табелата во македонската Прва кошаркарска лига, екипата на Карпош Соколи ја оствари и петтата победа.

Loading...

Вчеранавечер во Скопје во рамките на 5.коло, Карпош Соколи го победи Фени Индустри со 80:65 (21:22, 16:17, 19:7, 24:19). Домаќинот натпреварот го реши со одличната игра во одбрана во вториот дел, пред се во третиот период кога прими само седум поени.

Најефикасен на дуелот беше играчот на Фени Индустри Кирил Николовски со 23 поени, додека кај победникот Филип Шепа постигна 15 поени.

Петтото коло во нашето најсилно првенство се затвара во четврток со вечното дерби  меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Табела: Карпош Соколи 5-0 (победи-порази), МЗТ Скопје 3-1, Работнички 3-1, Фени Индустри 2-3, Куманово 2-3, Кожув 2-3, Струмица 2-3, Бест 0-5.